Пирц Мусар: Неопходно е да се донесат уставните измени час поскоро – чекањето не е добро
Пирц Мусар денеска порака им пренесе и на пратениците во Собранието, рече дека ги разбира разочарувањата поради предолгото чекање за влез во ЕУ, но дека сега е време процесот да се забрза.
Им порача дека Словенија и понатаму ќе остане поддржувач на Македонија. Претходно словенечката претседателка се изјасни и за иницијативата на седумте шефови на дипломатии, меѓу кои и Словенија, а се однесува на промена на начинот на гласање во ЕУ, односно место консензус да се гласа со кфалификувано мнозинство. Пирц кажа дека ова барање се однесува и на процесот на проширување на Еу и дека тоа ќе го олесни патот.
Македонија да покаже политичка мудрост и единство за промената на Уставот, порача словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Нагласи дека земјава има знаење, но и потенцијал да се приклучи на европскиот пат, а македонските политичари да се придвижат неколку чекори напред и да сфатат што е добро за македонскиот народ.
Пирц Мусар, како пример за единство ја посочи Словенија.
– И Словенија го помина тој процес – и Словенија мораше да го промени Уставот. Го променивме Уставот во член кој дозволуваше странците да поседуваат и да купуваат имоти. Тогаш во мојата татковина се слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ. Имаше жестоки политички расправи и дебати во тој аспект, но успеавме во тоа бидејќи словенечката политика беше свесна дека треба да бидеме единствени кога треба да реализираме европски проекти што се однесуваат на иднината за Словенија. – изјави Наташа Пирц Мусар претседателка на Словенија.
А шефот на државата Пендаровски кажа дека е нереално барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да се усвојат сега и да стапат на сила пред зачленувањето во ЕУ. Се надева дека барањето на најголемата опозициска партија не е само изговор за да не се гласаат уставите измени.
– И јас би сакал сакал такво нешто, но заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни – морате да направите уставни промени до крајот на скрининг процесот, за по автоматизам да продолжите со втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите. Во тие заклучоци на Советот на ЕУ е вграден и ставот на Бугарија. За такво нешто треба да имаме нови заклучоци со консензус за да можеме воопшто да разговараме. – изјави Пендаровски.
Пирц Мусар денеска порака им пренесе и на пратениците во Собранието, рече дека ги разбира разочарувањата поради предолгото чекање за влез во ЕУ , но дека сега е време процесот да се забрза. Им порача дека Словенија и понатаму ќе остане поддржувач на Македонија.
Претходно словенечката претседателка се изјасни и за иницијативата на седумте шефови на дипломатии, меѓу кои и Словенија, а се однесува на промена на начинот на гласање во ЕУ, односно место консензус да се гласа со кфалификувано мнозинство. Пирц кажа дека ова барање се однесува и на процесот на проширување на Еу и дека тоа ќе го олесни патот.