Пет ретки симптоми на коронавирус – oсип на прстите на нозете, главоболка и боцкање
Светската здравствена организација (СЗО) од самиот почеток на пандемијата со коронавирусот како симптоми на болеста најчесто ги наведува следниве: температура, замор и сува кашлица.
Повремено се спомнуваа и течење на носот, болка во грлото, затнат нос, болки во телото, пролив и губење на сетилата за мирис и за вкус, но постојат и други невообичаени симптоми, кои ги пријавиле некои пациенти.
Осип на прстите на нозете
Како што пишува „Гардијан“, заболени од неколку земји пријавиле осип на прстите на нозете, а освен тоа, немале ниту еден друг вообичаен симптом на зараза со коронавирусот. Осипот може да поприми форма на црвени или виолетови лезии, а европското списание за педијатриска дерматологија извести за „епидемија“ на вакви случаи меѓу децата и адолесцентите во Италија.