ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пет кандидати од партиската листа на СДСМ се фаворити за консензуален кандидат

Гордана Силјановска која беше избрана на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, воопшто не е прифатлива да биде консензуален кандидат – кажа премиерот Зоран Заев по средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети на која разговараа за заеднички настап на претседателските избори.

„ Таа е надвор од концептот што го подржува мнозинството. Во ниту еден сегмент не даде поддршка за она што го подржува целиот свет. Македонија направи квантен скок. Ние отидовме во исполнување на нашите децеиски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач со ЕУ. Таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“, рече Заев.

Изјавата на Заев доаѓа како одговор на ставот на Силјановска даден по  Конвенцијата дека е подготвена да биде заеднички кандидат доколку одговора на  профилот за консензуален претседател.

Заев не кажа конкретни имиња за кои се разговара, но потврди дека на средбата се разговарало за резултатите на партиските анкети. Пет имиња се фаворити – меѓу нив се високи партиски функционери и непартиски кандидати кои имале поддршка и од другите етнички зедници.

„Се истакнуваат 5 кандидати, оние што се повеќе присутни во јавноста и што се познати“ кажа Заев

Меѓу кандидатите е актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, за кој на новинарско прашање дали има поддршка од Албанците затоа што во јавноста се појавиле снимки со него и Тарчуловски, Заев кажа дека Димитров има поддршка од сите етнички зедници.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по завршувањето на средбата  рече дека не разговарале за конкретни имиња.„Не мислам дека треба да дадам мислење како претседател на партија, без да имам детална анализа за процесот да биде успешен”, одговори Ахмети на прашањето дали Никола Димитров е прифатлив како консензуален кандидат.

Според резултатите од  анкетите што се правеле во СДСМ, повеќе од 70 проценти од граѓаните рекле дека ќе гласаат на претседателските избори, но овие податоци рече Заев треба да се земат со резерва, затоа што граѓаните може потврдно да одговорат на анкета, но потоа да не излезат.

Во четврток Заев ќе има средба со претседателите на Беса и со Алијансата на Алабнците околу можниот консензуален претседател.

Разговорите меѓу СДСМ и ДУИ ќе продолжат да ги водат Миле Зечевиќ и Артан Груби кои се организациски секретари на двете партии.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.