ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пет експлозии пострашни од Бејрут: Ова се најсмртоносните несреќи предизвикани од амониум нитрат, експлодирале дури и авиони во воздух

Иако се уште не се знае официјалната причина за експлозијата во Бејрут која усмрти најмалку 100 лица, се претпоставува дека за истата причина била експлозија на 2.750 тона амониум нитрат кој со години бил чуван во склад во Луци.

Светот се уште е во шок поради вчерашната мрачна снимка која го заобиколи светот, ова не е прва ваква експлозија во која животот го загубиле стотици луѓе.

Експлозијата на амониумот нитратот инаку доаѓа ако дојде истиот во контакт со пламен или само под одредени останати услови кои тешко се остваруваат.

Ако хемиските складови се големи тогаш уште поголема би била катастрофата, а доказ за тоа се експлозиите поголеми од вчерашната запишани во историјата.

Експлозија во склад во Кина во 2015 година

Две големи експлозии на 12 август 2015 година во индустрискиот склад во кинескиот град Тјенчин предизвикаа катастрофални последици во таа област.

Во несреќата загинаа 110 работници и 55 жители, а повредени биле околу 790 луѓе, а телата на 8 луѓе никогаш не биле пронајдени.

Катастрофата во Северна Кореја во 2004-та година

На железничката станица во северно корејскиот град Рјонгчон во април 2004-та година дошло до иста таква несреќа откако се судриле возови кои превезувале азотно гориво, односно амониум нитрат.

Најмалку 162 луѓе загинаа, а повеќе од 3.000 беа повредени во таа несреќа.

Оштетени биле и околните згради, а илјадници луѓе останале без покрив над главата.

Катастрофата во Тексас во 1947-та година

Најсмртоносната индустриска катастрофа во историјата на САД се случила на 16 април 1947-та година во заливот Галвестон во Тексас. Катастрофата започнала откако некој фрлил цигара на брод  „СС Грандкамп“ кој пренесувал околу 2.300 тона амониум нитрат.

Експлозијата предизвикала и експлозија на други бродови и рафинерии на нафта по што загинале над 581 лице и околу 3.500 биле повредени.

<span data-mce-type=”bookmark” style=”display: inline-block; width: 0px; overflow: hidden; line-height: 0;” class=”mce_SELRES_start”></span>

Експлозијата погодила и два авиона над небото, а експлозијата предизвикала повреди на луѓе и во радиус до 16 километри.

Експлозија во Германија во 1921 година

На 21 септември 1921 година поради грешка на работниците и мешање на амониум сулфат и амониум нитрат експлодирала фабрика „БАСФ“ и усмртила повеќе од 500 до 600 луѓе, а тешко биле повредени над 2.000 луѓе.

Експлозијата се осетила дури до Франкфурт и оставила длабок кратер.

Експлозија во Велика Британија во 1916 година

На 2 април 1916 година се случила тешка несреќа во фабрика во близина на Фавершам во Велика Британија каде настанал пожар и експлозија откако се помешале 25 тона ТНТ и 700 тона амониум нитрат.

Загинале 115 луѓе, сите биле мажи и момчиња кои работеле тој ден во фабриката додека телата никогаш не им биле пронајдени.

Експлозијата се почувствувала до Норич кој е одалечен 244 километри од Фавершам.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.