Петков по одлуката на Уставниот суд: Бугарија денеска загуби дел од својот суверенитет
По денешната одлука на бугарскиот Уставен суд доскорешен министер за економија во преодната влада и еден од лидерите на движењето „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, ја презеде целосната одговорност за тоа што го стори со своето двојно државјанство, јави дописникот на МИА од Софија.
-Нема да престанам да работам за татковината и да ризикувам се во име на подобрата иднина на нашите деца! Не се плашам!, додаде поранешниот привремен министер за економија.
Петков потсети на позицијата на Уставниот суд дека еден месец не било пречка Дељан Пеевски, кој важи за најголем бизнисмен и сметан за бугарски олигарх, да биде на чело на Државната агенција за национална безбедност и истовремено да е член на бугарскиот Парламент. Според Петков, три недели пред парламентарните и претседателските избори во Бугарија, со оваа одлука Уставниот суд директно ќе влијае не само на неговата, туку и на кампањата на претседателот на Република Бугарија, правејќи го тоа брзо, без воопшто да му ја даде право на писмена одбрана.