ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Петков вели не видел никаков француски предлог црно на бело со што би го тргнале ветото за Македонија

Лично не сум го видел францускиот план – сите предлози мора да се во согласност со рамковната позиција на Бугарија и да поминат низ Собранието, вели бугарскиот премиер Кирил Петков. 

Рече дека не видеш ништо црно на бело. Петков кажа дека се подготвени да разговараат со европските партнери ако имаат предлози кои имаат смисла. 

БГНЕС денеска објави нова анализа под наслов „Ќе го укине ли Бугарија ветото за почеток на преговорите за членство во РСМ во ЕУ?“ во која анализира три можни сценарија за ветото: Вградување на бугарските услови во преговарачката рамка за РСМ, откажување од сегашната позиција и замена со временски и просторно одложени очекувања или задржување на актуелната бугарска позиција. Франција прави напори да се најде решение меѓу двете земји. Бугарија ја блокира Македонија на патот кон ЕУ. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.