ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пендаровски на средба со Жбогар – очекуваме преговори за ЕУ

Претседателот Пендаровски и официјално го почна првиот работен ден во кабинетот на Вилата Водно. Првото кафе го испи со евроамбасадорот Жбогар кој писмено му ги предаде честитките и од останатите високи претставници на ЕУ меѓу кои од претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск и од претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер.

„Имав средба со претседателот Пендаровски. Му ги пренесов честитките од претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск и од претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, во кои тие изразуваат подготвеност за многу блиска соработка за европската иднина на Северна Македонија и за градење на заедничка Европа, рече Жбогар. Охрабрен сум од неговите пораки и од денешната средба. Разговаравме за неговата можна посета на Брисел и средби со лидерите на Европската Унија, нешто на што ќе работиме во наредните недели“ – рече Жбогар по средбата со Пендаровски.

Евроамбасадорот не го спомена датумот кој според владата ќе биде и официјален годинава. Но, претседателот Пендаровски смета дека земјава треба заслужено во јуни да го добие датумот за отпочнување на преговорите. Успешните интегративни процеси кои ги очекува ќе зависат и од реформите и европскиот извештај. Дел од реформските закони кои Иванов не ги потпиша се уште го чекаат потписот и на Пендаровски. Од Вила Водно на прашање на ТВ 24 дали денеска се потпишани законите само кратко одговорија:

„Претседателот на Р. С. Македонија по завршувањето на формално правните процедури после превземањето на функцијата во најбрз можен рок ќе ги разгледа и потпише указите на законите кои поранешниот претседател Иванов одбиваше да ги потпише.“

Пендаровски допрва го чека и екипирање на кабинетот, но и на состаноци со раководителите на инстутуциите што се под негова капа. Нема најва дали и кога новиот претседател ќе го покани лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на кафе – бидејќи како што кажа соработката со опозицијата ќе му биде од клучните приоритети, иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тоа не го слушна бидејќи не доби покана за инаугурацијата. Од законодавниот дом каде вчера немаа одговор зошто не е поканет Мицксоки, денеска се правдаат дека тоа било вообичаена пракса и дека и досега на инагурацијата на претходните претседатели не биле канети лидери на политички партии доколку немале пратенички мандат.

Од Бихачка пак прстот го вперија во Собранието. За ВМРО-ДПМНЕ е јасно не поканет не се оди никаде. Освен Мицкоски, на свечаната заклетва на Пендаровски не дојде ниту премиерот Зоран Заев, кој замина на одмор, а на Пендаровски му честиташе преку видео порака.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.