Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев

Штајнмајер претходно беше пречекан со највисоки државни и воени почести во претседателскиот кабинет, имаше тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција со Пендаровски, а се обрати и на свечена седница во Собранието
Претседателот Стево Пендаровски, денеска со својот гостин, германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер, положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
„Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата ’Св. Спас‘“,
соопштија од кабинетот на Пендаровски.Доаѓањето на Штајнмајер е прва официјална посета на германски претседател по околу 15 години. Тој беше пречекан во претседателскиот кабинет со највисоки државни и воени почести, а потоа двајцата претседатели одржаа и тет-а-тет средба.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: