ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пендаровски: ЕУ се движи во спротивна насока

Европската Унија се движи во спротивна насока, ова во интервју за грчкиот весник Катимерини го вели шефот на македонската држава Стево Пендаровски, според кого се додека Македонија не напредува кон ЕУ, се понационалситички сили ќе го освојуваат теренот.

„КОГА ПРЕГОВАРАШ СО ЕУ, ПОЛИТИЧКАТА ДИСКУСИЈА Е ВО ОВАА РАМКА, ПОСТОИ ПАТ, А ВО СПРОТИВНО ДОАЃААТ СТРАНСКИ ВЛИЈАНИЈА И ТОГАШ СИТЕ ПОЧНУВААТ ДА СЕ ПРАШУВААТ „МОЖЕБИ ПОСТОИ ДРУГО АЛТЕРНАТИВНО РЕШЕНИЕ НАМЕСТО ЕУ?“, ВЕЛИ ВО ИНТЕРВЈУТО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ.

Според него ситуацијата во која се најде земјава во европските интеграции со блокадите, најпрвин од Грција, па францускотот „не“ поради методологијата и на крај ветото од Бугарија, го засилува евроскептицизмот во Македонија, што довело пад на поддршката за членство во Унијата за 20 проценти, од 85 на 65 проценти.

Во интервјуото Пендаровски зборува и за Преспанскиот договор за кој вели дека Македонија имплементирала веќе 99,9 проценти од своите обврски.

„МОЖАМ ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА ВО РАЗГОВОРИТЕ ОВДЕ, КОГА ПРАШАВ ЗА ГРЧКИТЕ ОБВРСКИ, СОРАБОТКАТА ВО ОБЛАСТА НА ПОЛИЦИЈАТА ИТН, НИШТО ЧУВСТВИТЕЛНО, ПРЕМИЕРОТ РЕЧЕ ДЕКА НЕ САКА ДА „ГИ ГРЕБЕ РАНИТЕ“ И ДЕКА ПОЛИТИЧКИТЕ ОКОЛНОСТИ ВО ОВОЈ МОМЕНТ ВО ГРЦИЈА НЕ СЕ ПОГОДНИ ЗА ТАКОВ ВИД РАБОТИ“, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ.

Притоа тој посочува дека и во двете земји сè уште посоти отпор кон Договорот во одредени делови на општеството.

За можноста доколку опозицијата дојде на власт во Македонија да не го почитува Преспанскиот договор, Пендаровски вели дека има чуство дека доколку опозицијата дојде на власт таа ќе го почитува Договорот со Грција. Според него незамисливо би му било дека опозицијата би отстапила од перспективата за членство во НАТО и ЕУ, со непочитување на Договорот.

„ОНА ШТО БИ ГО ОЧЕКУВАЛ ОД ОПОЗИЦИСКИТЕ ПАРТИИ Е ДА РЕЧАТ, ВО РЕД, НЕ ГО ПОТПИШАВМЕ ДОГОВОРОТ, КАКО ШТО СТОРИ И МИЦОТАКИС ВО ГРЦИЈА, НО КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ НА ВЛАСТ, БИДЕЈЌИ СМЕ СЕРИОЗНИ ПОЛИТИЧАРИ НА СЕРИОЗНА ДЕМОКРАТИЈА, ЌЕ ИМА КОНТИНУИТЕТ“, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ.

Според него континуитетот на државната политика треба да биде карактеристика на секоја сериозна држава, додавајќи дека таква реторика, таква порака, би сакал да слушне од опозицијата иако вели дека можеби таа не се чувствува подготвена да го кажат тоа бидејќи е во опозиција.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.