ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пендаровски го оцени како скандалозно барањето на Софија за вклучување во процесот на уставни измени

Коментарот на претседателот следува откако вчера техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, од Брисел кажа оти Софија сака да биде вклучена во процесот на уставните измени на земјава, за, како што рече, процесот да се одвива непречено. Македонското МНР, пак, го одби ваквото барање велејќи дека процесот на уставни измени е внатрешно прашање на земјава
Шефот на државата Стево Пендаровски го оцени како скандалозно барањето на Софија за учество во процесот на уставните измени кои земјава треба да ги направи за да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Коментарот на Пендаровски следува откако вчера техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, од Брисел кажа оти Софија сака да биде вклучена во процесот на уставните измени на земјава, за, како што рече, процесот да се одвива непречено.„Такви барања не упатуваат ниту окупаторите кон земјите, териториите или државите кои ги окупираат. Во 21 век е непримерено да барате да се мешате во внатрешните политички и уставно-правни процеси на која било држава. Во таа смисла, мислам дека нашиот одговор преку МНР вчера беше на место“,

кажа Пендаровски во изјава за новинарите пред одржувањето на денешната конференција „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“.
Во реакција на барањето на бугарскиот министер, македонското Министерство за надворешни работи порача дека процесот на уставни измени е внатрешно прашање на земјата и оти не постои ниту можност ниту, пак, политичка волја во него да бидат вклучени граѓани или институции од странство, вклучително и од Република Бугарија.Шефот на државата на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека концептот за мнозинства и малцинства во земјава е надминат уште со Рамковниот договор во 2001 година.

„И во поранешна Југославија никогаш не сме употребувале термин ‘национални малцинства’ туку имаше ‘народи’ и ‘народности’. Зошто? За да не навредиме никого кој живее тука, а е како бројка помалку од мнозинскиот народ. Мислам дека тоа е депласирана дебата и не треба да губиме време за тоа“,

потенцира Пендаровски.
Говорејќи за работната група за уставните измени, претседателот кажа дека во неа ќе биде вклучен и неговиот правен советник и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Александар Спасов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.