ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пациенти губат надеж дека ќе ја дознаат вистината за „Онкологија“, Меџити бара побрза разрешница

И по четири месеци од монструозниот скандал на Онкологија, нема никаква разрешница.Се по очигледно е дека годинава ќе заврши, без отворање на истрага за случајот. Кој манипулирал со последната надеж на болните и во чии џебови завршувале парите, и на кој начин биле лекувани пацинетите? На овие прашања одговор се уште нема. Кај онколошките пацинети е спласната надежта дека вистината ќе излезе на виделина.Ништо поразлично не е ниту кај министерот за здравство, затоа што не даде конретен одговор дали е оптимист дека ќе се разоткрие монструозната афера,но побара побрза разрешница на случајот.

“Повторно повикувам, Обвинителството веќе навистина е крајно време и тие самите да се тргнат од тој товар дека правниот систем не функционира во државата. Нека повелат господата и нека излезат со конкретен одговор и да се знае еднаш засекогаш кој е виновен…” – вели министерот Фатмир Меџити.

Онколошките пациентите се разочарани и загрижени, велат очекувале побрзо да се открие вистината.

Бројни потресни сведоштва на пацинети и нивни најблиски очигледно беа малку за недлежните побрзо да ги најдат сторителите.Случпајот е во предистражна постапка и се бараат цврсти докази. Од ОЈО се уште не откриваат детали за случајот.Последните информации се дека во тек е вештачење на издвоени медицински документации, а стигнати биле и дел од побараните документи од Косово.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.