ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Партиско-експертската група за уставните измени идната недела треба да почне со работа

За неколку денови треба да стартува со работа работнта група за уставните измени.Колкави ќе бидат хоноратите на 20-тмината членови не е познато.. До крајот на идната недела ќе ја имаат првата седница, на која освен што ќе се изберат претседател и негов заменик, ќе ја договорат и динамиката и методологијата на работа.

– Во однос на висината на надоместоците во овој момент не е разговарано со членовите на оваа тема. Доколку прашањето се отвори на седницата, висината на надоместокот и кој ќе го исплаќа, дополнително ќе се утврди, велат од правда за Канал 5.

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска посочија дека за нив, целиот процес е без кредибилитет и дека дел од ангажираните експерти се во роднински врски со владини функционери, а дел дежурни пропагатори на политиките на власта. Лидерот Мицкоски, пак само кратко повтори дека прашањето за уставните измени е затворена тема за нив.

– Работната група за уставни амандмани нема кредибилитет, вистинските експерти со време се оградија. Кога СДС и ДУИ видоа дека немаат експерти за во работната група, прибегнаа кон ангажирање на пензионирани луѓе, кои се родители на нивни функционери и луѓе кои се јавуваат како дежурни пропагатори на политиките на власта во дебатни емисии или во колумни, се наведува во партиското соопштение.

И додека опозицискиот лидер бара одговорност за членовите на работната група, за како што вели нивната беспредментна работа, од СДСМ прашуваат кога Мицкоски морално ќе одговара поради неучеството во стратешките цели на државата.

Задачата на работното тело, како што посочија од Правда, ќе биде подготвка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Ќе функционира без ниту еден претставник од опозциските партии, но уставните измени кои ќе ги подготват, како што веќе посочи премеиерот Ковачевски ќе имаат легитимитет и без нивна поддршка. Но, за да започне процесот за промена на Уставот во Парламентот, уште во правта фаза, ќе биде неопходно двотретинско мнозинство, а без пратениците од опозцијата, Собранието нема да може да ги обезбеди потребните 80 пратеници.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.