ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Панорама / Историски фетиш

Брисел – Бугарите и Грците се најзадоволни меѓу Европејците од животот во услови на ограничувања поради пандемијата од новиот коронавирус, покажа истражувањето на граѓаните од 27 земји на Европската Унија за социоекономските последици од ковид-19 врз Европејците. Шеснаесет проценти од испитаниците велат дека се чувствуваат осамено во поголемиот дел од времето во последните недели откако се воведоа карантинот и рестриктивните мерки во повеќето земји. Пред кризата, само 6 проценти од испитаниците се чувствуваа постојано осамени. (Б92)

Атина – Грција ги отвора границите од 1 јули, а за време на летната сезона под посебни услови ќе се одвиваат воздушниот и водениот сообраќај. В понеделник во Грција почнува наставата за матурантите, а една недела подоцна за сите средношколци. Сѐ уште не се знае кога ќе се отворат основните училишта и градинките. („Фактор“)

Сараево – Во последните 25 часа на Универзитетскиот клинички центар во Република Српска починале шест пациенти кај кои е потврдено присуство на коронавирусот, со што продолжи неповолната серија од претходните денови. Во Босна и Херцеговина досега се регистрирани 2.056 пациенти со коронавирус, од нив 945 се оздравени, а бројот на починатите достигна 98.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.