ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пандемијата згаснала 18 илјади вработувања

Не само црната листа на заболени и починати, пораснал и списокот на граѓани кои останале без работа. Пандемијата за 11 месеци оставила без работа 18.174 граѓани.  Бројката ќе била и поголема да не биле економските мерките кои се однесуваат на работните места, открива директорот на агенцијата за вработување, Абдуш Демири.

Сега во Maкедонијa активно работа бараат повеќе од 160.000 граѓани. Секојдневно конкурираат на околу 6.000 огласи. Најчесто се нудат најнеплатени работни позиции без стручно образаование.

Демири ги потсети невработените дека заклучно со денес, околу 54.000 лица доцнат со пријавувањето во евиденцијата на невработени. Ги повика сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава, да го сторат тоа во наредните 30 дена, почнувајќи од утре, да дојдат во центрите за да ја регулираат својата обврска а тоа да биде најдоцна до петок 19-ти март.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.