ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Палмер оптимист за добивање датум во октомври

САД се надеваат дека Европскиот совет во октомври ќе донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори со Македонија, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер во интервју за Гласот на Америка.

Во своето гостување Палмер порача и дека нашата земја мора да продолжи со спроведувањето на реформската агенда, вклучително и носењето на нов закон за јавното обвинителство.

– За ова прашање во Скопје се водат консултативни преговори. Ние би сакале да соработуваме со Владата на  Македонија во поддршка на реформската агенда. Би сакале да и помогнеме на земјата да напредува, додава Палмер.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.