Пакистан го ослободи заробениот индиски пилот
Пакистанските власти го ослободија пилотот Абинандан Ватаман , кој завчера беше уапсен , откако неговиот воен авион се урна во покраината Кашмир под контрола на Пакистан.
Пакистанскиот премиер Имран Кан најави утрово дека ќе и го врати на Индија пилотот како знак на мир.
И покрај ослободувањето на Ватаман, индиските власти остануваат претпазливи.
Заповедникот на воените сили Суриндхар Синг Бахал изјави дека Индија останува на високо ниво на претпазливост у дека е подготвена да реагира на кава било провокација од Пакистан.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: