ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пад кај даночните приходи: Најголем кај данокот на добивка и кај акцизите

За безмалку 14 проценти се намалиле приходите во буџетот во август, објави Министерството за финансии. Државата собрала во осмиот месец 14,2 милијарди денари, а за сите осум месеци приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари, што е за 8,2 отсто во однос на лани. Од Министерството за финансии велат дека ова е благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите во сиот период биле пониски за 9 отсто во однос на лани.

Во август даночните приходи се пониски за 17,1 проценти во однос на лани, додека кај придонесите се забележува пад од 2,7 проценти. 

„Кај даночните приходи има потфрлање на месечно ниво – кај ДДВ од 14,3 отсто, кај акцизите од 25 отсто, данокот на добивка од 28,9 отсто и на персоналниот данок на доход од 10,4 отсто, додека кај увозните давачки се забележува раст од 7,9 проценти, соопштуваат од финансии.

Расходите во август изнесуваат 17 милијарди денари и се за 5,8 роценти повисоки во однос на лани.

Заклучно август реализиран е 17,4 милијарди денари дефицит или 75,7 отсто од проектираниот со ребалансот на буџетот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.