ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Падна платформата за онлајн учење

Учениците кои министерството за образование ги повика да се запознаат со платформата пред почетокот на учебната година, не можат да се најават на своите профили.

Од Министерството за образование велат дека работат на надминување на проблемите, со цел до почетокот на учебната година да има функционална алатка за одржување на наставата.

Министерката за образование Мила Царовска рече дека националната платформа обезбедува учење на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки и ќе ја користат 250 000 ученици и 25 000 наставници во јавните основни и средни училишта.

Инаку шестчлена комисија составена од претставници на министерството за образование и наука, министерството за здравство и од канцеларијата на претседателот на владата ги разгледуваше барањата на училиштата за настава со физичко присуство.

Комисијата одлучила да даде согласност за настава со физичко присуство за 223 основни училишта, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште. Не е дадена согласност за 94 основни и на 14 средни училишта, соопшти владата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.