ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ОЈО Скопје останува во предметот за Стаменковски од „Доказ“, Вишото обвинителство го одби барањето за изземање

Судскиот процес ќе се одвива зад затворени врати откако денеска судот ѝ го одобри барање на обвинителката Павловиќ од причина што се работи за кривични дела против моралот и со цел да се заштити приватниот живот на оштетените за кои ќе се изнесуваат лични интимни работиОсновното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и обвинителката Зорица Павловиќ ќе останат надлежни во предметот против сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски.

За барањето на одбраната на Стаменковски одлучуваше скопското Вишо јавно обвинителство откако тоа беше истакнато на денешното прво рочиште во судскиот процес каде што обвинетиот се гони за неколку кривични дела.

„Уште на четврти овој месец е поднесено е барање за изземање на сите обвинители од ОЈО Скопје до вишиот обвинител затоа што во предметот како оштетени се јавуваат истражители вработени во ОЈО Скопје, има фотографии од обвинителството така што не е во ред овој предмет да го процесира и води ОЈО Скопје. Побаравме изземање на скопското обвинителство и доделување на предметот на друг обвинител од друг град со што ќе се овозможи фер постапка, запазување на процедурите на ЕСЧП во смисла на независно и непристрасно обвинение и судење“,

рече еден од адвокатите на Стаменковски, Коста Нојков, објаснувајќи го барањето.
Сопственикот на „Доказ“ е обвинет за две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и по едно дело уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Меѓу неговите жртвите се новинари, свештени лица, истражители во ОЈО Скопје.

Судскиот процес ќе се одвива зад затворени врати откако судот ѝ го одобри барање на обвинителката Павловиќ од причина што се работи за кривични дела против моралот и со цел да се заштити приватниот живот на оштетените за кои ќе се изнесуваат лични интимни работи.

Поради барањето за изземање, денешното рочиште беше одложено, а следното е закажано за 10 март.

Стаменковски беше приведен на 9 февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои сè уште се вештачат, како и поголема сума пари. Надлежните се сомневаат дека може да се пронајдат докази и за други кривични дела, па не се исклучува можноста да има продолжение на овој случај.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.