Пресудата е донесена откако Манафорт се изјаснил за виновен за финансиски малверзации на првото судење.

70 годишниот Mанафорт добил многу помала казна од онаа која ја барало обвинителството . Обвинителите  сугерирале тој да добие казна од 19 до 24 години затвор.

–Манафорт сторил тешки кривични дела, изјавил судијата Т.С. Елис, кој му одредил казна затвор во траење од 47 месеци.

Минатата години екс шефот на кампањата на Трамп беше прогласен за виновен за осум финансиски кривични дела  во првиот судски процес кој бил резултат на истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер, за наводното мешање на Русија во претседателските избори на САД во 2016 година, иако самите кривични дела не се поврзани со Русија.