ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Остри тонови меѓу Радев и Ковачевски

Радев порача, ветото е на сила, Ковачевски му одговори, не преговараме со вас, туку со Брисел. Продолжува заострената реторика меѓу Скопје и Софија.

На вонредниот состанок на Европскиот Совет во Брисел,кој се оддржува денеска и утре и покрај тоа што Македонија не е на дневен ред, Румен Радев најави дека ќе бара – ЕУ да воведе мониторинг за правата на Бугарите во земјава. Враќајки го во игра повторно и бугарското вето, Радев порача:

– Бугарите не се запишани, преговорите не се започнати. За жал, во моментов не гледам политичка волја и има неусогласеност меѓу политичките амбиции и заложби на РСМ и реалноста во која живеат македонските Бугари таму .Одрекувањето на постоењето на проблемот само го одложува проблемот, води до ново насилие и ги стимулира престапите од омраза. Ќе барам солидарност од европските колеги и нивна ангажираност и со истата енерегија со која нас нè прозиваат за успорување на процесот на евроинтеграција на РСМ, така ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за запазување на правата на Бугарите во РСМ. – изјави Радев.

А Ковачевски не остана должен. Му одговори дека Македонија за влез во Европската унија, не преговара со Бугарија, туку со Брисел. Вели дека земјава веќе го почна скринингот со ЕУ и дека е во поодмината фаза, а досега сѐ се одвива непречено.

– Бугарија не би ја коментирал, тие се во избори и секој дава изјави за да собере некој глас. Кога ќе завршат изборите ќе разговориме се владата што ќе ја изберат. Но, со Бугарија не преговараме за влез во ЕУ, преговараме со Брисел. Вето нема да има, бидејки ние веќе ги отпочнавме преговорите. – изјави Ковачевски.

Вчера и Советот на Европа, каде Македонија е членка скоро 3 децении, потврди дека во земјава не се врши системска дискриминација врз бугарското малцинство. Со отфрлување на амндманите од Софија, Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, усвои резолуција, со која се потврдува дека не се точни обвинувањата дека во земјава се врши дискриминација и стигматизација врз малцинството.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.