ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Остра реакција на Турција: Амбасадата на Косово во Ерусалим е акт против резолуциите на ООН и меѓународното право

Турција објави дека одлуката на Косово да отвори претставништво во Ерусалим претставува кршење на меѓународното право.

Според соопштението кое е објавено на веб-страницата на турското Министерство за надворешни работи, со овој потег Приштина ги прекршува резолуциите на Обединетите Нации кои се однесуваат на тоа прашање.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, изјави дека вчерашното потпишување на договорот меѓу Косово и Израел за воспоставување дипломатски односи изјави „не му служи на палестинското прашање“ и ја поткопува визијата за меѓудржавно решение.

Реакцијата на Турција доаѓа откако израелскиот министер за надворешни работи Габриел Ашкенази изјави дека го одобрил официјалното барање на Косово за отворање амбасада во Ерусалим.

САД и Гватемала, Косово ќе ја има третата амбасада во Ерусалим.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.