ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ОСТАВКАТА НА ЧЛЕН НА МЕШОВИТАТА КОМИСИЈА СО БУГАРИЈА ЌЕ НАНЕСЕ ШТЕТА НА ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС

Оставката на историчарот Ванчо Ѓоргиев дополнително ќе ја ископмлицира работата на мешовитата комисија, особено поради тоа што доаѓа во деликатен момент среде избори во земјава, оценуваат дел од експертите.

И додека Ѓорѓиев тврди дека си поднесува оставка поради политички притисоци врз неговата работа, Комисија, Владата и МНР демантираат дека станува збор за некакво мешање во работата на Комисијата. Но дел од аналитичарите коментираат дека сепак имало и директни и индиректни притисоци врз историчарите.

„По мое, имало притисоци, што директни што индиректни, но дали тајмингот е поврзан со локалните избори, на еден начин да, можеби несвесно но да. Нормално сега опозицијата ќе каже еве уште еден доказ дека власта не продала, а од друга страна власта сега постојано зборува дека нивната цел е „Дајте ни да победиме на локалните избори за да ве внесеме во Европа.“ – вели Тодор Пендаров- аналитичар.

Со оглед на тоа што комисијата досега ги водеше преговорите за историските прашања стручно и дипломатски, според Слободанка Јовановска долгогодишен уредник кој следи надворешна политика, потегот на Ѓоргиев нанесува голема штета на ионака закочените преговори меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Оставката на Ѓоргиев направи голема штета за позициите на државата бидејќи е на линија на обвинувањата кои ги слушаме постојано од Софија дека се политизира нашата комисија и дека практично не се води на историски позиции, туку зад неа стои некаков политички притисок.“ – вели Слободанка Јовановска – уредник.

Што се однесува до самата суштина пак напредок по историските прашања нема. Работата на историчарите веќе подолго време не дава резултати, а вината се префрла меѓу Скопје и Софија.

До сега Комисијата усвои препораки за заедничко чествување на Св. Климент, Св. Наум, Св.Кирил и Методиј и Цар Самоил, а усвојува препораки за учебниците за за 6то одделение во Македонија и 5ти клас во Бугарија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.