ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Османи очекува подготовка за попис веднаш по изборите

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција истака дека по изборите добро би било да почнат подготовките за попис.

„Добро е да биде постигнат целосен консензус за законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите“, изјави Османи.

Според него, обидот за попис во 2012 пропаднал поради различниот начин на читање на текстот од двете етнички заедници.

„Знаеме дека пропадна обидот за попис во 2012 година поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. Консензус се постигна, но не и вкупен политички консензус со Собрание за усвојување на Законот. Мислам дека ова решение што е донесено на Влада е добро и треба да се спроведе, меѓутоа би било добро сите да бидат вклучени во пописот. По изборите би требало да поченеме со организирање“, додаде Османи.

Во однос на вчерашното предавање преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија од Европската комисија до Советот на ЕУ (земјите членки на ЕУ), Османи изјави дека очекува целиот просец на усогласување меѓу земјите да заврши до октомврискиот самит на ЕУ на кој рамката би била усвоена. Османи додаде дека со новите механизми на преговарачкиот процес, брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, но и дека ЕК ќе има механизам да го препознае и намали пристапот до ЕУ фондовите доколку
има застој.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.