ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ОСМАНИ ЗА БУГАРИЈА: Пред нас се уште три дена

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска на прес – конференција изјави дека  е оптимист во однос на преговорите со Бугарија. 

Вели дека до последен момент македонската страна ќе се труди да постигне договор. 

Османи кажа дека постигнат е напредок во многу прашања, дури 7-8 кои биле чувствителни за едната или за другата страна.

„Се уште се пред нас уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика“, изјави министерот. 

Објасни дека во изминатите три месеци имаше интензивна комуникација на сите можни нивоа, не само во Скопје, туку и надвор, за постигнување заедничко решение со Бугарија.

Бугарите остануваат на своите тврди позиции. 

Убеден сум дека соработувајќи отворено со нашите соседи ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за соседство не води кон нив, имаме право да бараме други средства, вели бугарскиот претседател Румен Радев за БНТ за односите со Македонија. 

„Видете што направи Грција по тоа прашање“, рече Радев.

Тој додаде дека „Република Северна Македонија мора да одлучи дали ќе продолжи со омразата и идеологиите од минатото или ќе тргне кон демократска иднина“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.