ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Опозицијата ќе даде поддршка за договорот за минималецот

Иако со забелешки, опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица и БЕСА ќе ги поддржат законските измени во Собранието за зголемување на минималната плата. 

Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во статус на ФБ најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира со амандман во законското решение на Владата со кое ќе побараат скалесто покачување на сите плати во јавниот сектор согласно растот на минималната плата, потврдија од неговата партија.

– Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична – Да има повеќе за сите граѓани, а помалку за корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ..

За само 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ, одговорија од СДСМ , од каде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата ја оценија како лицемерна и против како што велат работниците.

– Денес Мицкоски лицемерно кажува дека ја поддржуваат минималната плата. Додека неговите економисти јавно се противат на покачувањето на минималната плата. Трајко Славевски и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите. ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години ги спречи сите закони кои беа во интерес на покачување на приходите на граѓаните, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ..

И покрај тоа што се очекува Владата да подготви и испрати до Собранието нов предлог-закон за мининмалната плата согласно договореното со синдикатите и работодавачите, од Левица не планираат да го повлечат нивното законско решение кое е ставено на дневен ред за седницата во четврток, иако велат во вакви услови на криза ќе го поддржат законот на Владата каков и да е.

Меѓу бројните реакции за одлуката за покачување на минималната плата на 18.000 денари се огласи и поранешниот премиер Заев, кој на социјалните мрежи ја поздрави одлуката на Владата за повисоки примања во интерес на работниците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.