Опозицијата обвинува дека власта не може да го собере мнозинството, власта најавува проширување на групата

И денеска Собранието не можеше да усвои ниту една од точките на 71 седница-и покрај тоа што пратеници беа присутни во собраниската сала, не можеше да се обезбеди кворум да се усвои било која од точките, па само се расправа по нив. .Поради истата причина собранискиот спикер во петокот се закани дека ќе свика седница за распуштање на Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат- владејачкото мнозинство не може да си ги собере пратениците во Собранието за да се стават на дневен ред точките.
Талат Џафери вели дека нема да дозволи уцени во Собранието- ако на некој не му се работи нека си оди дома, а не да земаат патни трошоци и да се шетаат како што вели низ собраниските ходници.
Од СДСМ тврдат дека мнозинството е стабилно и со индиции да се шири, а отсуството на нивните пратеници од коалицијата во петокот го правдаат со работни и здравствени причини.
Во петокот кога требаше да се изгласа дневен ред на нова седница имаше отсутни пратеници кои се тестирале за ковид и според протоколите не можеа да присуствуваат додека не ги добијат резултатите и пратеници кои учествуваа како панелисти на конференции, една во Франција и втора во Турција. Околу дилемата која се отвори исто така во петокот во врска со мнозинството можам да потврдам дека тоа е стабилно со индиции да расте во следниот период – вели за сител координаторот на пратеничката група на СДСМ.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, го осуди чинот на пратениците кои се потпишале во петокот,а не се појавија на седница.
Џафери во петокот на состанок со лидерите на политичките партии од мнозинството се договориле овој месец да се избегнуваат службени и приватни патувања за да може Собранието непречено да работи.