ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од 1 јули за секоја фискална сметка 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓанин

Од 1 јули за секоја фискална сметка, ќе има 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓанин, најави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес со наслов „Силна економија – шанса со сите”

Доста е политика и политиканство, потенцира Заев. Мора да ги засукаме ракавите. Државата ќе ја биде, само ако народот има пари, а во таа насока се фокусирани и владините политики. Според него, Македонија има капацитет и тоа мора да го искористи, да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, младите да не си одат.

„Ветувам и храброст и одважност. Ќе правиме економија за достоинствен живот на граѓаните. Мора да имаме економски задоволни граѓани. Со сите политики, со стабилизирани финансиски аспекти, со пријатели по целиот свет, со фондови од ЕУ, и тоа како ќе го подигнеме стандардот. Најавувам храбри одлуки. Ве повикувам да ме следите. Да работиме сите, министри, администрација, општини. Ова наше парче земја да го направиме достоинствено место за живеење”, истакна Заев на трибината „Силна економија, шанса за сите”.

Економската перспектива тој ја гледа и преку зголемување на потрошувачката и куповната моќ што, пак, оцени, зависи од инвестициите во државата.
„Со безбедност и стабилност, со членство на земјава во ЕУ и НАТО, и тоа како очекуваме и домашни и странски инвестиции”, подвлече Заев.

Премиерот потсети на спроведените мерки досега, на зголемувањето на просечниот личен доход, на даноците, на намалувањето на наследените долгови,… Напомена и дека буџетот е ревидиран. Можноста за развој на економијата, предочи, најмногу се отвори со решавањето на прашањето со Грција.

„Заради огромната желба да донесеме благосотојба, се зафативме со решавање на големите прашања. Тешки биле, болни, со многу пречки. Но, моравме да ги решиме, да го надминеме понижувачкиот однос. Не викаа ФИРОМ, не ни беше дозволено да зборуваме на нашиот јазик додека светот одеше напред во сите области. За да го решиме проблемот со Грција, моравме претходно да го решиме проблемот со Бугарија. Од незвоможното направивме возможно. Покажавме дека со европски манири и овде на Балканот негуваме европски вредности”, нагласи Заев, укажувајќи дека земјава досега 27 години одеше назад.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.