ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од утре сите компании може да аплицираат за нови бескаматни кредити

Од утре (29 април) микро, малите и средните компании од сите дејности погодени од кризата што ја предизвика пандемијата со ковид-19, електронски ќе можат да аплицираат за линијата за бескаматни кредити во износ од 8 милиони евра, а рокот на пријавување важи во следните 15 дена.

Новата кредитна линија беше презентирана во текот на минатата недела од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска заедно со директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија Кире Наумов и директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски.

Јавниот повик за оваа кредитна линија „ковид-2“ беше објавен во петокот и компаниите треба да побрзаат да ја обезбедат неопходната документација наведена на официјалната страница на Развојната банка.

Бескаматната втора кредитна линија е во износ од 492 милиони денари, односно 8 милиони евра. Добиените пари треба да се вратат за 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, а отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши квартално. Можеби ќе ве интересира

Грција бара заедничка европска стратегија за туризмот МИА 28/04/2020

Многу светски економии можат да им завидат на овие компании плусинфо 27/04/2020

Формулата за одредување на сумата е 14.500 денари, помножено со три месеци, па помножено со број на вработени, фирмите со пет работници ќе можат да добијат кредит од 184.500 денари, а фирмите со 128 до 250 вработени ќе можат да аплицираат за максималната сума од 5.535.000 денари.

Како што стои во повикот, за овие бескаматни кредити можат да аплицираат и фирми во кои има државен удел од најмногу 49 проценти.

Првата линија бескаматни кредити „ковид-1“ беше помала и изнесуваше 5,7 милиони евра, а за средства од неа можеа да аплицираат само компаниите од трите први погодени сектори од кризата – туризам, угостителство и транспорт.

Од оваа линија има уште пари, па компаниите од наведените сектори сè уште може да поднесуваат барања. Според податоците што Развојната банка ги објави во петокот, од разгледаните апликации условите за кредит ги исполниле 584 компании со повеќе од 5.000 вработени. Вкупната сума кредити за нив е 4,4 милиони евра, што значи дека на располагање се уште 1,3 милиони.

Вкупно од двете кредитни линии на компаниите им стојат на располагање 13,7 милиони евра. Досега за кредитната линија „ковид-1“ аплицирале 254 компании со вкупно 3.000 вработени кои искористиле 2,2 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.