Регулаторна комисија за енергетика пред две недели донесе одлука за нови цени на горивата, кои тогаш поскапеа за два денара.
Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати согласно со Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 7,41%.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемија за 2,50 денари за литар.
Малопродажната цена на еуросупер БС-95 изнесува 61,00 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 изнесува 63,00 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 3,50 денари за литар, односно за 4,00 денари за литар.Малопродажната цена на дизелот еуродизел (Д-Е В) изнесува 58,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 денари за литар.