Од големи амбиции до борба за спас – превирањата во „Дојче банк“ следат познато сценарио
Работниците на „Дојче банк“ во Лондон, Њујорк и во Токио за последен пат ги напуштија своите канцеларии, во едно од наголемите масовни отпуштања уште од големата финансиска криза во 2008 година, јавува Си-ен-би-си.
Носејќи кутии со личните работи, сега поранешните работници во „Дојче банк“ ја започнаа неделата со собирање на бироата и личните работи од фирмата. Со ова, започна првиот бран на отпуштања во една од најголемите германски банки, која во неделата најави дека се повлекува од глобалниот пазар на акции и затвора 18 илјади работни места.
„Дојче банк“, која некогаш се обидуваше да стане конкурентна на најсилните инвестициски банки на Волстрит, изјавија дека огромното преструктуирање има за цел да ја подобри профиталбилноста на фирмата и да ги намали трошоците за 25 отсто на 17 милијарди евра во следните неколку години.
Меѓународните амбиции на банката играа значајна улога во нивната стратегија во период од неколку декади. Купувањето на „Банкерс траст“ по цена од 10 милијарди долари на крајот на 1990-тите години, на пример, им помогна да останат конкурентни со другите американски инвестициски банки како „Голдман Сакс“. Но, неодамнешните проблеми на „Дојче банк“, иако се тешки, не се вообичаени само за нив, особено во момент кога политичката неизвесност и анемичните каматни стапки ги оштетуваат европските банки во однос на нивните конкуренти од САД.
Некои банки од еврозоната, вклучувајќи ја и „Дојче банк“, се обидоа да ја ублажат штетата со зајакнување на непротифитабилни бизниси и региони. И додека банката не даде објаснување за затворање на работните места, центрите во Лондон и Њујорк на инвестициската банка наменети за трговски операции го почувствуваа најголемото влијание од промените.
За оние на Волстрит кои беа сведоци на „жртвите“ од финансиската криза пред повеќе од една декада, отпуштањата од „Дојче банк“ изгледаат многу познато. Во една од најголемите рунди на отпуштања во историјата „Ситигруп“ во 2008 изјави дека ќе елиминира 50 илјади работни места или 14 отсто од својата глобална работна сила.
Во последните години, „Дојче банк“ се соочи со серија на скандали, истраги и големи казни од времето на кризата. Инвестициската банка направи спогодба во вредност од 7,2 милијади долари со американското Министерство за правда во јануари 2017 година, за погрешно советување на инвеститорите во продажба на хартии од вредност поддржани со хипотека пред почекотот на финансиската криза во 2008 годин