ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од вкупно 196 заразени, 90 се од Скопје, а 45 од Тетово

Во изминатите 24 часа потврдени се 196 нови случаи на Ковид-19, осум починати и 11 оздравени лица. Од новозаразените најмногу се од Скопје, 90, а потоа од Тетово вкупно 45 лица во текот на едно деноноќие.

Од оздравените пациенти четири се од Прилеп, три од Скопје, двајца од Штип, а по еден од Куманово и Велес.

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 21 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На респираторна машина се девет, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат четири пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19, посочуваат од Министерството за здравство.

Два резултати евидентирани вчера, додаваат, се контролни, епидемиолошките анкети се во тек, а во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

-Скопје 1.767, активни 1.124
– Куманово 635, активни 216
-Дебар 56, активни 5
-Штип 237, активни 195
-Прилеп 227, активни 22
-Тетово 380, активни 209
-Струга 123, активни 46
-Велес 150, активни 28
– Битола 34, активни 7
-Охрид 66, активни 48
– Кавадарци 6, активни 1
-Гостивар 64, активни 40
– Гевгелија 7, активни 3
– Струмица 7, активни 4
– Крива Паланка 9, активни 3
-Радовиш 4, активни 0
-Крушево 3, активни 0
-Кочани 54, активни 23
-Пробиштип 11, активни 9
– Демир Хисар 1, активни 0
-Македонски Брод 3, активни 1
-Пехчево 5, активни 2
-Берово 2, активни 1
– Валандово 4, активни 3
– Виница 3, активни 0
– Делчево 1, активни 0
– Кратово 3, активни 1
-Свети Николе 8, активни 7
– Кичево 3, активни 1
– Ресен 5, активни 4
-Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на
Демир Капија)

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.