ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ДО ЈУНИ?
Во услови кога се погласно се говори за евентуално одложување на датумот за спроведување на пописот се наметнува и прашањето дали тоа е изводливо со веќе донесениот закон . Од ДЗС велат дека е изводливо одложувањето но само со измени во законот или евентуално ново законско решение кое повтопрно ќе мора да помине под лупата на пратениците.
Дека пописот не е само статистичка операција туку и основ за креирање на економски политики посочи денска и Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи кој додава дека резултатот од пописот ги интересира и инвеститорите во земјава.
Во меѓувреме пак и денеска партиите иако не спомнуваат конкретни датуми со свои ставови. Од СДСМ Велат дека пописот е неопходен и како статистичка операција но и како насока за сите економски, образовни пороцеси но и заштита на правата на граѓаните.
Ставот на ВМРО ДПМНЕ пак е познат. Дека не се против пописот но бараат тој да биде пролонгиран со ново законско решение поради пандемијата а за тоа веќе и собираат потписи со цел како што велат да покажат дека и граѓаните се против оваа операција во услови на Пандемија . Опозициската партија за таа намена ќе треба да собере најмалку 10 илјади потписи и да ги достави до собранието иако и преку својата пратеничка група можат да делуваат во законодавниот дом за престанувње на важноста на веќе донесениот закон.
И додека партиите се уште дискутираат дали треба да се пролонгира рокот за спроведување на пописот од ДЗС велат дека веќе работат на оваа операција по донесеното законско решение кое предвидува пописот да се одржи во првите три недели од април.