„Огнените“ во нов поход против Османи и Груби, Османи и Груби молчат

Демоктатската унија за интеграции покажува катастрофални резултати особено во извршната власт потребни се промени на министри и директорски позиции, повикувајќи се на последната анкета на ИРИ во која Бујар Османи и Артан Груби биле најнепопуларни министри, огнената група најави нов поход за владина смена.
Пратеникот Изет Меџити, зад кого застанаа и пратениците Кастриот Реџепи и Сузана Коџоџуку, а засилен со Муса Џафери, Висар Ганиу, Блерим Беџети и Невзат Бејта порачаа дека не само што министрите на ДУИ немаат резултати туку дека за прв пат рејтингот на албанската опозиција е поголем од тој на ДУИ. Децидни се дека нивна мета не бил лидерот Али Ахмети, иако министрите се токму негов избор.
Меџити не го спомена зборот фракција иако најавија дека паралелно ќе бараат поддршка и од базата за владина смена. Тврдат битката ќе ја бијат во ДУИ , што според нивните изјави значи дека нова партија или самостоен настап на евентуални предвремени избори засега не им е во стартегијата. Тројцата пратеници ќе дадат поддршка за ЕУ интеграциите, но и законите добри за граѓаните.
И додека Меџити зад себе како актуелен потпетседател на ДУИ ги построи како што вели добар дел од неговите сопартијци и ченови на ДУИ, неговите сопартијци од раководството, но и миниСтрите решија да молчат на јавните прозивки. ТВ 24 побара став и од првиот вицепремиер артан груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и од вториот партиски портпарол Арбр Адеми, но тие без коментар.