Ова е Србинката поради која падна австриската влада
Австрија ја тресе огромен скандал поради снуимка во која десничарски политичари договараат сомнителни работи со непозната руска милионерка , за која подоцна се утврдило дека била мамка.
Тајно снимениот состанок на Ибица доведе до падот на австриската влада. На снимката покрај претседателот на владејачката партија , Ханс Кристијан Штрахе и неговата десна рака , шефот на пратеничкиот клуб, Јохан Гуденус , се гледа и неговата сопруга Тајана Гуденус. Пред неа двајцата политичари ги договараат сомнителните работи.
Тајана Гуденус , родена Тајчиќ според австриските медиуми е Србинка родена во Хрватска . Семејството и побегналоод Бања Лука за време на војната. Во 2007 се преселиле во Австија , а Тајана во Виена завршила факултет . Во текот на 2016 во Виена водела програма што ја организирала Туристичката агенција на Белград, со која раководел амбасадорот на Србија во Австрија.
Тајачиќ со сопругот Гуденус се венчале во 2017 и имаат син. Гостин на свадбата бил и Милорад Додик.
На снимката од Ибица се гледа дека Тајана е доста упатена во политиката , бидејќи сопругот и неговиот политички шеф склободно пред неа зборуваат за зделката. На снимките се гледа дека Тајана не се впуштала во разговор , туку само била сведок.
Овие снимки на кои Штрахе и сопругот на Тајана во јули 2017 со наводна внука на руски олигарх договараат бизнис вреден 250 милиони евра , беа објавени од австриските медиуми , по што за само неколку дена дојде до пад на владата на Курц. Штрахе во разговорот и нуди на наводната русинка предност на јавниот тендер за вложување во австриското стопанство.