ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Обвинителството се уште не отвора истрага по допрен глас за изборот на надзор за коридорите 8 и 10д

Обвинителството за организиран криминал по допрен глас се уште не отвора истрага за изборот на надзор за автопатските делници од Коридорите 8 и 10д. Јавноста и експертите до власта поставуваат низа прашања.

Слаѓана Тасева од Транспаренси во Топ Тема рече дека едно од прашањата е и дали надзорот ќе се спроведе, како што треба.

Од ВМРО ДПМНЕ побараа веднаш да биде поништен изборот за надзор, конзорциумот ИРД, Ептиса, Електра солушн, Евро консалтинг, а јавното обвинителство да отвори постапка за изборот на овој конзорциум, од кои едната Ептиса е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ груп и Евро консалтинг која е во сопственот на Бранимир Димитриевиќ, кој во 2019 година со помош на тројца македонски дипломати е извлечен од Ерменија, каде е обвините за криминал при надзор на патен коридор.

Додека јавноста поставува прашања за како ќе се потрошат 1,3 милјарди евра народни пари за автопаските делници, за старт на градежните работи остануваат уште еден месец.

Кон крајот на април градежната оператива на Бехтел и Енка старува со изградбата на три автопаски делници Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчани, додека Требеништа-Струга-Ќафасан во декември, бидејќи се бара нова траса, која ќе е соодветна на сите препораки на УНЕСКО, во рамки на предвидената сума.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.