ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Обвинение за Фросина Ременски и Боки 13, случајот „Рекет 2“ влегува во судска постапка

Обвинителството на Рускоска поднесе обвинение за Рекет 2, меѓу обвинетите е и пратеничката Фросина Ременски. За незаконското работење на невладината Меѓународен сојуз, како претседател на организацијата првообвинет е Боки 13 за перње пари и измама. За помагање на овие кривични дела, покрај Ременски обвинети се и таткто на Боки 13, Миле Јовановски и соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска.

Според Обвинителството од јули 2017 до април следната година, Јовановски како претседател на невладината, измамил двајца бизнисмени, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица, и субвенции од државата.

Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и на тој начин помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Двајцата измамени бизнисмени биле убедени да исплатат близу 1. 000.000 евра, се вели во соопштенито на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Според обвинението, пратеничката Ременски како третообвинета со својот углед и авторитет го поддржувала Боки 13 на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите.

Ремески вели дека овие обвиненија се неосновани, одлука на обвинителството изврзана, а денешниот ден не е избран случајно.

Под сомнение за помагање на кривичното дело измама и по барање на обвинителството, Кривичниот суд во октомври на Ременски и определи мерки на претпазливост со одземање на патната исправа, забрана да го напушти Скопје и обврска повремено да се јавува во судот.

Последниот збор за поднесеното обвинение ќе го има Кривичниот совет.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.