ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нов пожар кај Демир Хисар

Пожарот кај Богданци утрово е ставен под контрола и е локализиран, но се уште се јавуваат жаришта кои што горат.

На терен се пожарникари од Гевгелија, Валандово, Штип и Кавадарци, но и припадници на дирекцијата за заштита и спасување, комунални и шумски претпријатија со механизација кои веднаш ги гаснат сите жаришта кои во меѓувреме се појавуваат. Состојбата се следи, посебно што попладнево почна да дува посилен ветер.

Огнот досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и помина низ ветерниците над Богданци без да им предизвика штета. И покрај тоа, државните електрани превентивно исклучиле две групи од по четири ветрници, кои биле најблиску до пожарот и потенцијално загрозени.

„Екипи на АД ЕСМ се на терен и утврдено е дека нема никакви штети на ветерниците. Исто така нема никакви сигнали или исклучувања од заштитата во трафостаницата. По направената проверка на филтрите и јавувачите за пожар во секоја ветерница ветерниците се повторно вклучени во производниот процес.“

Градоначалникот на Богданци Блаже Шапов претпладнево изјави дека најверојатно човечки фактор е причина за пожарот. И додека пожарникарите се бореа со овој, нов пожар, на 15 километри воздушно од него, кај струмичко Костурино избувна попладнево. Гореше запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми, но пет противпожарни возила и 15 пожарникари од Струмица брзо го изгаснаа.

Речиси истовремено пожар избувна и кај Демирхисарското селото Сопотница, каде што гореше сува трева, но и таму со брза интервенција, спречено е огнот да зафати зимзелена шума. За да си изгаси пожарот кај Богданци, вчера беа активирани и трите Ер Трактори, но и двата хеликоптгери на МВР. Оттаму соопштија дека нивната хеликоптерска единица исфрлила 17 тони вода, со што е спречено ширењето на огнот кон ветерниците.

Првиот човек на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов уште еднаш упати апел да не се палат стрништа и да не се фрлаат отпушаци од цигари на отворено.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.