ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нов еко мини бус за посетителите во зимскиот период во ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје го поднови својот возен парк со електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период. Новиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.

Засега ова е првото возило што го добива Зоолошката градина, благодарение на фирмата „Брегал Доо“ од Делчево. Директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на „Брегал“ склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.

– Зоолошка градина во Скопје ги следи еколошките стандарди и во иднина целиот возен парк ќе биде префрлен на електричен погон, најавуваат од ЗОО Скопје.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.