ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови 8 милиони евра за компаниите од новата кредитна линија „Ковид 2“

Нови 8 милиони евра за малите, средните и микро компаниите од новата кредитна линија „Ковид 2“ на Развојната банка. Станува збор за бескаматни кредити кои се наманети за подобрување на ликвидноста и за кои од среда, 29 април ќе можат да аплицираат компании од сите дејности.

Како што појасни министерката за финансии, Нина Ангеловска оваа кредитна линија „Ковид 2“ е дел од вториот сет на мерки на Владата за поддршка на фирмите.

-Втората кредитна линија „Ковид 2“ која следи по првата „Ковид 1„ од 5,7 милиони евра која беше наменета за дејностите туриам, транспорт и угоститетлство изнесува 8 милиони евра и нема ограничување на дејности. Вкупниот износ кој што може да го добие една компанија изнесува 90.000 евра, а минималниот износ е 3.000 евра. Пресметката за тоа која фирма колкав кредит ќе добие се прави кога ќе се помножи бројот на вработени кој фирмата го имала заклучно со 31 јануари со минималната плата од 14.500 и со 3 месеци, истакна Ангеловска.

Таа додаде дека рокот на отплата ќе биде три години и ќе има грејс период од 12 месеци, а единствениот услов кој ќе треба да го исполнат компаниите е да имаат намалување на приходите за 30 отсто споредено со истиот месец во 2019, или пак со вкупниот месечен приход од 2019 година.

Директорот на Развојната банка Кире Наумов изјави дека аплицирањето ќе почне на 29 април во среда и додаде дека ќе биде исклучиво електронски.

-Компаниите до 5 вработени ќе можат да аплицираат за кредит од 3.000 евра, а компаниите кои имаат од 128 до 250 вработени максимум можат да добијат 90.000 евра. Единствениот услов кој ќе треба да го исполнат компаниите е да имаат намалување на приходите за 30 отсто споредено со истиот месец во 2019, или пак со вкупниот месечен приход од 2019 година, истакна Наумов.

Вкупно од двете кредитни линии на компаниите им стојат на располагање 13,7 милиони евра. Досега за кредитната линија „Ковид 1“ аплицирале 254 компании со вкупно 3.000 вработени кои искористиле 2,2 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.