ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови 20 заболени од коронавирус, 12 во Скопје

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19, информираа од Институтот за јавно здравје. Од новозаболените 12 се во Скопје, во Прилеп тројца, во Тетово двајца, во Битола, Гостивар и Куманово по еден. Од таму наведуваат и дека во истиот период се регистрирани 24 оздравени пациенти.

Досега вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

Инаку, комисијата за заразни болести вчера ја одложи одлуката за олеснување на мерките откако во саботата беа регистрирани 36 ново заболени со коронавирус. Претходно, бројката на новозаболени се намалуваше, но на седми мај беа регистрирани 33 новозаразени, што го вклучи алармот кај здравствените власти.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.