Нови 120 заболени со Ковид-19, починаа 5 пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.