ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови собири на граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

Српско знаме долго речиси 300 метри ја прекри улицата во Звечан, денеска мирно на Косово. Граѓаните се собраа пред општината а КФОР постави и бодликава жица. Дел од вработените во општината од утрово почнале со работа.

Поранешниот претседател на Советот на општина Звечан, Срѓан Милосављевиќ, на граѓаните им порача дека ова е мирен протест.

„Ова утро е многу напнато. Дел од вработените во општина Звечан почнаа на работа. Голем број граѓани се собраа, но КФОР од утрово го блокираше патот до општината.“ – izjavi Дејан Недељковиќ aктивист.

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека припадниците на специјалната полиција нема да се повлечат од општинските згради на северот на Косово. Според него решението за кризата е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори. Вели власта кај нас се добива само преку избори.

„Косово е најдемократска земја од Западен Балкан. Протест кој е насочен кон полицијата која го одржува редот и мирот, припадниците на КФОР кои го чуваат мирот и стабилноста и новинарите кои се на терен да известуваат за случувањата, не е протест за општината туку за власт. Власта во Косово може да се добие само со избори. Не насилство и злосторство.“ – изјави Курти.

Припадници на КФОР, покрај општинска зграда во Звечан, има и во Лепосавиќ и Зубин Поток. Во меѓувреме опозицијата во Косово побара оставка од Курти и итно свикување на Советот за безбедност. Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска оцени дека настаните на северот од Косово се апсолутно непотребна и нелогична ескалација нагласувајќи дека е можно само политичко решение преку постојниот дијалог.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.