ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови радикални мерки: Да се затворат кината, театрите, кафулињата со работа до 18 часот

Македонија под клуч. Комисијата за заразни болести бара целосно да се забранат свадби, крштевки, семинари, кафаните и кафулињата да работат само до 18 часот, да се затворат игротеките, спортските сали, теретаните, кината и театрите. Луѓето повеќе да внимаваат на високата хигиена, младите да не се собираат во големи групи и повеќе време да поминуваат дома. Комисијата бара вакви ригорозни марки од страв дека корона вирусот може драстично да се прошири и бројот на заболени да се дигне до небо.

„Разговаравме вчера со колеги од Италија и ни беше посочено дека во северниот дел ширењето на вирусот престанало со воведување на најригорозните мерки, што ни укажува дека треба да бидеме порадикални“ изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Кафаните и кафулињата ќе работат до шест попладне со преполовен капацитет, но ќе мора масите да ги поместат на растојание до 2 метри. Мерката важи и за обложувалниците и казината. Се разговарало и со МПЦ и ИВЗ и они да ги скратат своите активности каде би се собирале верниците.

Како дел од мерките – сите медицински интервенции ќе бидат одложени освен итните. Редовните терапии на хронично болните наместо кај специјалистите ќе се врши кај матичните лекари, додека ново заболените сепак ќе мора да посетат специјалист.

„Искуството од Италија не учи дека треба да бидеме поригорозни во мерките.“ „Апелираме на јавната свест. Во Италија има форма на полициски час и никој не смее да излезе од дома без посебна дозвола“кажа Филипче.

Овие мерки ќе предизвикаат големи финансиски по тешкотии на засегнатите фирми. Владата, покрај тоа што ќе расправа за мерките, ќе бара извештаи од економските министри дали и на каков начин ќе им се помогне на субјектите кои може да претрпат големи парични загуби па дури и да пропаднат заради новите мерки.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.