ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НОВИ ПРОВОКАЦИИ ОД БУГАРИЈА

Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои. Да имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од Македонија, да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција, напиша Бојко Борисов на Фејсбук со што навестува дека е можно решение на спорот. Додека официјална Софија и замерува на земјава за користење на придаваката „фашистички“ окупатор за Бугарија во втората светска војна, терминологијата норално се користи во самата Бугарија. Така денеска во бугарскиот парламент власта и опозицијата се препукуваа кој е поголем фашист, и дали фашизмот во војната бил ист и со фашизмот во комунизмот. Бугарскиот вицеопремиер Каракачанов пак не престанува да се надминува во навредите кон македонскиот народ, па сега отворено покажува и претензии кон македонската територија.

Изјава Красимир Каракачанов, Вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија – Има иднина, сум разговарал со многу политичари од Скопје. Вашата алтернатива има две насоки, Вие треба да си изберете. Едната алтернатива е за 20 години да сте дел од една албанска држава, односно провинција во албанска држава. Тогаш треба да се бориме за правата на некое славјанско малцинство. Тогаш ќе бидам 20 години постар и нема да се занимавам со вас. И, втората варијанта е европска интеграција во рамките на една нормална бугарска држава.

А од први март, Бугарската национална телевизија, ќе се гледа и во Македонија. Ова го договорил специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија Владо Бучковски, на вчерашната средба во Скопје на која присутни биле и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски. Според договорот во Бугарија ќе се емитува и македонската телевизија, а државните агенции ќе пратат дописници во Софија и Скопје.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.