ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови правила за влез во Албанија, од утре полициски час

Од први септември во Албанија ќе бидат воведени нови мерки против ширењето на коронавирусот.

Ќе биде воведен полициски час кој ќе почнува од 23 часот навечер и ќе трае до 6 часот наутро.

За влез во Албанија од 6 септември ќе биде потребна потврда за вакцинација, ПЦР тест не постар од 72 часа, брз тест не постар од 48 часа или сертификат за прележан коронавирус не постар од 6 месеци.

За деца на возраст до 6 години не се потребни никакви документи.

Како што се наведува, доколку некој ги нема соодветните документи му следува 10-дневен карантин. Задолжително е носење маски на затворено.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.