ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Новиот градоначалник на Атина е Костас Бакојани

Кандидатот од најголемата опозициска партија Нова демократија, Костас Бакојани, е новиот градоначалник на грчката престолнина Атина, соопшти во неделата министерството за внатрешни работи, кое е задолжено за пребројувањето на гласовите од локалните избори.

Според податоците по 98 отсто обработениот изборен материјал, Костас Бакојоани освоил 65,3 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал, кандидатот од владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, Атанасиос (Нанос) Илиопулос, освоил само 34,7 отсто од гласовите.

Костас Бакојани претходно беше градоначалник на градот Карпениси, а од 2014 година беше гувернер на регионот Централна Грција. Костас е син на пратеничката на Нова демократија, поранешна шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани и внук на поранешниот премиер Константиност Мицотакис (1918-2017).

Неговата мајка Дора Бакојани во 2002 година стана првата жена градоначалничка на Атина, и на таа функција беше домаќин на летните Олимписки игри во 2004 година. Сопругот на Дора и татко на Костас, Павлос Бакојани, беше убиен во 1989 година од припадници на терористичката левичарска организација „17-ти Ноември“, која беше разбиена во 2002 година.

Братот на Дора Бакојани, исто така, е еден од повидните претставници на династијата Мицотакис. Имено Киријакос Мицотакис е челник на опозициската Нова демократија, која победи на грчките избори за Европскиот парламент на 26-ти мај, и сега очекува победа на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 7-ми мај.

Гоергиос Патулис, исто така, од Нова демократија, е избран за гувернер на регионот на престолнината Атика. Тој по обработените 86 отсто од избирачкиот материјал е во недостижно водство со речиси 66 отсто од гласовите, а неговата главна ривалка, актуелната гувернерка на Атика, Рена Дури освоила 24 отсто.

Одѕивот на избирачите во неделата била помала од првиот круг, односно 41 отсто во однос со 59 проценти од пред една седмица. Речиси 3 отсто од гласачиките ливчиња биле неважечки, а уште 5,6 отсто од гласачите во избирачките кутии ставиле празно ливче, што значи дека не го дале својот глас за ниеден од двајцата кандидата.

Во Солун во водство е независниот кандидат Константиност Зервас со 66,81 отсто од гласовите, во Патра актуелниот градоначланик од редовите на Комунистичката партика, Константинос Пилетидис со 70,86 отсто, во Пиреа незавосниот кандидат и актуелен градоначланик и претседател на фудбалскиот клуб Олимпијакост, Јоанис Моралис со 57,87 отсто.

На првиот круг од локалните избори беа избрани шест од 13-те гувернери, и сите беа кандидати на опозицијата, и 107 од 336 градоначалници. Во вториот круг опозицијата победи на изборите за гувернери во седум региони и огромно мнозинство градоначланици. Иако, грчкото министерство за внатрешни работи уште ги нема обратено податоците од сите избирачки места, јасно е дека конечните резултати нема да се променат.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по поразот на неговата владејачка Сириза на 26-ти мај на изборите за Европскиот парламент изјави дека по ввториот круг од локалните зибори на 2-ри јуни ќе побара од шефот на државата да го распушти парламентот и да се одржат предвремени општи избори. Според најавите Ципрас ќе се сретен со претседателот Прокопис Павлопулос на 10-ти јуни, а предвремените парламентарни ибори ќе се одржат на 7-ми јули. Бидејќи не се споменува оставка на премиерот и назначување привремена влада, до изборот на новата власт, должностите ќе ги извршува актуелната влада водена од Сириза.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.