ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нова цена на струјата ќе има, но за колку повисока, владините претставници не откриваат

Дали, и за колку, ќе поскапи струјата ќе зависи од тоа колку ќе произведе ЕСМ, а колку ќе има потреба да се увезува, вели вицепремриот Битиќи. Се чека и ЕВН да каже колкави ќе бидат потребите, а колку од тоа државните електрани ќе можат да покријат со домашните капацитети, дали 60 проценти или повеќе.

Битиќи тврди дека за енергетските компании повторно ќе има помош, но колку пари ќе се вбризгаат во ЕСМ ќе покаже  ребаласот, кој се очекува да биде готов за 10 дена. Засега е само познато дека ДДВ-то за струја од 5 отсто ќе остане до крајот на годинава.

ФИНАЛНИТЕ КАЛКУЛАЦИИ СЕ ОД ТОА ДАЛИ ПОТРЕБАТА НА ЕВН ЌЕ ЈА ОБЕЗБЕДИ ЕСМ ДАЛИ ДОМАШНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЌЕ ЈА ИСПРОРАЧААТ ПОТРЕБНАТА СТРУЈА И ДАЛИ ИМА ПОТРЕБА ОД УВОЗ, И ОД СЕТО ОВА ЌЕ ЗАВИЗИ  КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ ПРЕДЛОГОТ. ДАЛИ ДОМАШНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЌЕ ПОКРИЈАТ 60 ОТСТО, КОЛКУ ШТО Е МАКСИМУМОТ КОЈ ТРЕБА ДА ГО ОБЕЗБЕДИ ЕСМ ИЛИ ПОВЕЌЕ, ВЕЛИ БИТИЌИ.

За санирање на проблемите предвизикани од енергетската и воената криза веќе се најави дека ќе се бараат пари од меѓународните финансискси инситуции. Колку точно, од Владата сѐ уште не прецизираат. Сѐ уште нема одговро ниту од ММФ колкав заем би и одобриле на земјава.

Иако се зборуваше дека еврообврницата повеќе не е во игра, поради високата камата, Битиќи сега вели дека Владата никогаш не се откажала од овој инстумент.

СЀ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ, НЕМАМЕ ОДГОВОР ОД ММФ. СО РЕБАЛАНСОТ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ БАРААТ ОД ЕВРООБРЗНИЦА И ЕВРООБРЗНИЦАТА СЕКОГАШ БИЛА ВО ИГРА, ДОДАВА БИТИЌИ.

Експертите веќе предупредија дека ново поскапување на струјата е неизбежно. Цената на светските  берзи и оваа, но и наредната година, ќе биде висока, односно нема да падне под 200 евра за мегават. Минатата година струјата поскапе за околу 10 проценти.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.