ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нова кривична пријава против директорот на финансиска полиција Арафат Муареми

Нова кривична пријава против директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Овој пат таа доаѓа од жител на Дебар, кој го обвинува Муареми за наводна злоупотреба на функцијата, насилство и мачење. Тој ова го пријавил до Обвинителството на Вилма Русковска, републичкиот обвинител Љубомир Јовески, премиерот Димитар Ковачевски како и до министерот за финансии Фатмир Бесими. Во пријавата е наведено дека се работи за легализација на објект во Дебар. Од Финансиска полиција велат дека водат предмет против лицето кое го пријавило Муареми. Неофицијално се работи за легализација на три објкти, сите перални за возила во Дебар. Земјиштето било државно, а правото на користење било дадено на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Иако Државното правобранителство знаело дека имотот го користи државна институција, сепак дало позитивно мислење за имотот да се оттуѓи во корист на жителот од Дебар кој сега поднесува кривична пријава против Муареми. Директорот на Финансиската полиција Муареми, вели дека ова е само еден од повеќето напади против него и инститцијата.

„Јас како директор, како и вработените во Управата за финансиска полиција препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за којшто во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во завиност од надлежностите на институцијата. Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција.“

Муареми не запира со барањето одговорност, за според него, незаконскиот претрес во Финансиска полиција од Обвинителството на Русковска. Финансиска поденсе претставка до Судскиот совет и бара да се провери по кои индиции и докази судијата на претходна постапка одобрил претрес.

„На некоја од следните седници на советот по пат на ждребка ќе се формира комисија од три члена која ќе подготви записник дали постапката за судијата ќе продолжи или ќе прекине.“

Како постапиле обвинителките од организиран криминал се проверува и во републичкото обвинителство. Иако Обвинителството на Русковска минатата недела врешеше претрес во Финансиска детали сè уште нема.

Инаку, Обвинителството води друг случај против Муареми, по пријава на Државниот правобранител, Фехми Стафа. Се работи за случајот „Трансмет“, откако државата не успеа да ги врати парите од 17,2 милиони евра по конфискуваниот имот на бизнисменот Сеад Кочан. Финансиска полиција, пак истражува поврзаност меѓу државниот правобранител Стафа и бизнисменот Кочан, бидејќи Стафа на подарок добил имот во Бутел кој бил во сопственост на семејството на Кочан. Стафа, пак тврдеше дека нема никаква поврзаност со бизнисменот Кочан.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.