Нова година – Каракачанов со стара бугарска „фалшлива“ реторика од Софија, ама…
„Тие продолжуваат да се однесуваат како држава која и е ментор на Бугарија и која ги определува условите и мислам поради тоа уште долго време ќе почекаат“
Ден по апелот од министерот за надворешни работи Бујар Османи, наместо одговор од Бугарија на македонскиот предлог акциски план, стигна порака од дежурниот гласноговорник вицепремиерот Каракачанов дека се додека Македонија се однесувала како ментор на Бугарија, ќе си почекала уште долго време.
„Тие продолжуваат да се однесуваат како држава која и е ментор на Бугарија и која ги определува условите и мислам поради тоа уште долго време ќе почекаат. Бугарија има право да побара од земјите кандидати за членство да исполнат одредени услови. Еден од условите е нашата национална безбедност. Не може со еден недоличен инает од Скопје ,, ама ние сакаме“ и јас можеби сакам многу работи во животот но, како можам да сакам кога нешто не е мое, а тие сакаат се“, изјави Красимир Каракачанов- вицепремиер на Бугарија.
Во денешниот настап на БТВ, Каракачанов обвинува за претензии кон бугарската историја и бара извинување на оние кои се декларирале за Бугари, зашто како што тврди, биле тепани и репресирани со години. Тој повтори дека македонскиот идентитет бил коминтерновска творба.
– Да не отвараме друга тема како беше создаден тој идентитет за време на 1944 година со убиства, насилства и репресии врз Бугарите..Вие знаете ли дека во 1944/45 г. во Македонија се донесе еден закон каков што немало ни во нацистичка Германија , Закон за заштита на националното име и чест, кој каже дека е Бугарин , не Албанец, ако кажеш дека си Албанец немаш проблем , ако кажеш дека си Турчин немаш проблем , ако кажеш дека си Србин ќе ти аплаудираат,но ако кажеш дека си Бугарин, според тој Закон, ти следуваат до пет години затвор. изјави Красимир Каракачанов- вицепремиер на Бугарија.
Во меѓувреме, додека Македонија го адаптира својот на роковникот на актуелниот претседавач со Европската унија, за активностите поврзани со евроинтеграциите, од Лисабон стигна веста дека португалското претседателство со ЕУ ќе биде претпазливо кон проширувањето и нема да брза да предлага нови заклучоци на Советот на ЕУ за проширувањето, за првите шест месеци од годинава.Постојаниот португалски претставник во ЕУ амбасадорот Нуно Брито вчера на брифинг, како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, изјавил дека не смета оти Софија го попречува проширувањето на Унијата.
,,Не е во ред да се обвинува Бугарија за попречување на процесот, бидејќи токму таа држава е еден од силните поддржувачи на проширувањето на ЕУ. Потребна е едногласност за донесување одлуки во оваа област, а дискусијата за проширувањето продолжува на високо политичко ниво“-постојан претставник на Португалија во ЕУ амбасадор Нуно Брито
На прес конференција вчера пак шефот на македонската дипломатија Османи сподели очекување дека сега е време Бугарија да испорача одговор на нон пејперот и дека комуникацијата за тоа ќе се случела веќе овие денови. Од тоа ќе зависеле и активностите на специјалниот претставник Бучковски но и агендата поврзана со евроинтеграциите.